Силва накратко објасни дали е потешко да играш против Меси или Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси и Манчестер сити ги поделија бодовите во дербито на 13. коло во англиската Премиерлига, а изненадување беше тоа што Кристијано Роналдо ја почна средбата од клупата за резервни фудбалери.

По мечот во центар на внимание се најде дефанзивецот на лондонскиот гигант, Тиаго Силва кој доби прашање од новинарите дали е потешко да се игра против Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Силва во кариерата имаше неколку дуели против Меси и Роналдо додека играше во Милан и ПСЖ, а синоќа повторно доби шанса да го чува Португалеот.

„Разликата е тоа што Меси е невозможно да се запре кога ќе тргне еден на еден. Кај Роналдо не сметам дека е лесно, но еден фудбалер е доволен да го запре и да го чува. Двајцата се неверојатни фудбалери и шампиони, но со Меси секогаш е потешко“, кажа Силва.