Силва не оди во пензија, туку се враќа во матичниот клуб!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва планира да настапува барем уште две години, откако на крајот на оваа сезона ќе му заврши договорот со Челси.

Силва постигна договор со матичниот клуб Флуминенсе, каде што играше пред 15 години, а бразилски „Ге Глобо“ објави дека дефанзивецот постигнал договор до 2026 година.

Дефанзивецот во текот на кариерата играше и за Порто Б, Динамо Москва, Милан, ПСЖ и Челси.