Силва сигурно си оди, а најверојатно и Родри: Манчестер сити за замена мора да плати најмалку 100.000.000 евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Сити ќе доживее важни промени на лето повторно.

Капитенот Бернардо Силва си оди по истекот на договорот како слободен играч, сѐ уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да води до продажба.

Пеп Гвардиола не може да седи и да чека на исходот од ситуацијата, затоа дал зелено светло клубот да го започне процесот за Елиот Андерсон.

Играчот на Нотингам Форест е голема желба на Пеп Гвардиола, еден е од највисоко оценетите играчи во средината на теренот во Премиер лигата, а истовремено не е ни тајна дека Нотингам Форест го оценува на минимум 100.000.000 евра.

Се наведува дека сопственикот на Форест Евангелос Маринакис лично му кажал на Андерсон дека ќе преговара околу неговиот трансфер во случај на вистинска понуда која ќе дојде од Манчестер.

Интересно е дека бил поврзуван и со Манчестер Јунајтед, но наводно играчот повеќе би сакал да биде во Сити.

Од „Етихад“ исто така доаѓаат информации дека Андерсон е планиран како долгорочно решение, без оглед на преговорите со Родри, токму поради заминувањето на Бернардо Силва, и фактот дека Матео Ковачиќ е долго време повреден и прашање е во каква состојба ќе биде по враќањето.

Андерсон има 23 години, а во Форест стигнал од родниот клуб Њукасл за 41.000.000 евра, а според сите показатели сега ќе биде платен два и пол пати повеќе.