Силва со солзи во очите најави дека го напушта Челси (Видео)

Бразилскиот фудбалер Тијаго Силва го напушта Челси на крајот на сезоната кога ќе му заврши соработката со премиерлигашот.

Силва ги потврди шпекулациите од изминатите денови и испрати порака до навивачите на Челси.

„Челси ми е важен. Дојдов во клубот на една година, а останав четири. Моите синови играат во академијата на Челси и тоа ме прави среќен. Мислам дека го дадов максимумот во изминатите години. За жал, сè има почеток и крај“, кажа Силва.