Симеоне ја создава „машинеријата“ за освојување на титулата


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Атлетико Мадрид оваа сезона остана без трофеи во витрините, но следната сезона ќе се обиде да се врати на голема врата.

Јорганџиите оваа сезона завршија на третото место во шпанското првенство и останаа без трофеј.

Со пласманот во Ла Лига, сепак успеаја да обезбедат место во Лигата на шампионите, што и беше првичната цел оваа сезона.

Сепак, следната сезона Атлетико Мадрид планира поход на титулата од шпанското првенство, а за да го остварат тоа, ќе мора да го подобрат играчкиот кадар.

Се приближува почетокот на летниот трансфер период кој ќе биде многу интересен, и мадридскиот клуб ќе биде активен на трансфер пазарот.

Шпанските медиуми носат една вистинска „бомба“, а тоа е дека Атлетико Мадрид е заинтересиран за Лаутаро Мартинез. Како што наведува овој извор, Лаутаро е голема желба на својот сонародник Дијего Симеоне и раководството на мадридскиот клуб.

Сепак, за да се реализира тоа, многу веројатно дека Антоан Гризман би морал да ги напушти редовите на Јорганџиите.

Иако станува збор за многу квалитетен играч, Французинот е веќе во позни играчки години (34) и Атлетико Мадрид мора да размислува за иднината.

Фото: Принтскрин