Симеоне добива отказ од Атлетико: Четири гиганти во битка за неговиот потпис

Шпанските медиуми пишуваат дека наскоро отказ би можел да добие Диего Симеоне затоа што не бил во добри односи со управата на Атлетико Мадрид.

Атлетико во моментов е шестопласиран во Ла Лига, а неодамна загуби од Барселона, па кикс против Виљареал сигурно би му „пресудил“ на Симеоне.

Сепак, тој не треба многу да се грижи затоа што без проблем ќе пронајде нов клуб, а веќе кандидати за негоа следна дестинација се Манчестер јунајтед, ПСЖ, Арсенал и Милан.

Управата не е задоволна од Симеоне, иако тренерот во претходните години им донесе многу успеси, меѓу кои и освојување на трофејот во Ла Лига, како и финале во Лигата на шампиони.