Симеоне е самокритичен: Имам одлични фудбалер, мора да бидеме подобри!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во моментов има 13 бодови помалку од лидерот Барселона по 14 одиграни кола, а тренерот Диего Симеоне вели дека мора да бидат подобри.

Симеоне беше самокритичен и кажа дека има одлични фудбалери во неговиот состав, а тоа мора да се искористи за да се постигнат подобри резултати.

„Имаме одлична екипа, четири наши фудбалери стигнаа до финалето на Мундијалот. Можеби како тренер не се потрудив доволно. Морам да бидам подобар и да напредувам за да функционира екипата“, кажа Симеоне.