Симеоне ги нападна судиите: ВАР направи голема грешка! (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид беше шокиран од Лил со 1-3 во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Диего Симеоне не беше задоволен од судиските одлуки.

Симеоне кажа дека судиите згрешиле при неколку одлуки, а го нападна и ВАР-системот.

„Очекував да постигнеме неколку голови, имавме одлични шанси кои требаше да ги искористиме, но потоа се случи големата грешка на судиите. Работите на теренот се променија, тоа влијаеше врз резултатот. ВАР-собата направи голема грешка“, кажа Симеоне.