Симеоне го нападна Реал, па доби шмекерски одговор од Анчелоти


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот и европски гигант Реал Мадрид продолжи со одличните настапи, па така славеше вчера против Атлетико Мадрид со 2-1 и тоа беше нивна деветта победа.

Тимот на Карло Анчелоти игра одлично, иако летово загуби дел од своите фудбалери, а по мечот против Атлетико реагираше Диего Симеоне.

Симеоне кажа дека ривалот добро се бранел во низок блок, а на тоа реши да одговори Анчелоти, кој се заблагодари за коментарот.

„Се браневме во низок блок и навикнати сме на тоа. Ја отстранивме опасноста од Гризман и Феликс. Ако Симеоне вели дека се браневме добро, тогаш тоа е добар комплимент. Му благодарам“, кажа Анчелоти.