Симеоне го запре Клоп, европскиот шампион без удар на голот на „Ванда Метрополитано“ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид славеше важна победа против актуелниот шампион на Лигата на шампионите, тимот на Ливерпул.

„Јорганџиите“ победија со минимални 1:0, а единствениот погодок падна во 4. минута кога Саул најдобро се снајде во шеснаесетникот на Ливерпул и го матираше Алисон.

Инаку,  Ливерпул на овој натпревар ниту еднаш не ја погоди рамката на голот на Атлетико Мадрид, нешто што во претходниот период не му се има случено на Ливерпул кој игра доминантно, но вечерва беше под своето ниво.