Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
За тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ова лето трансфер периодот претежно се сведува на едно име, а станува збор за стоперот на Тотенхем, Кристијан Ромеро (27), објавија шпанските медиуми. Аргентинскиот репрезентативец има договор со „Спарс“ до јуни 2027 година, а лондонскиот клуб бара за него 70 милиони евра оштета.
Преговорите меѓу двата клуба траат веќе некое време и медиумите тврдат дека Атлетико е подготвен да ја плати сумата. Атлетико нуди 55 милиони евра плус уште 15 милиони како потенцијални бонуси. Минатото лето Атлетико за 75 милиони евра го ангажира Јулијан Алварез од Манчестер Сити, што се покажа како точен потег, бидејќи аргентинскиот голгетер веќе во првата сезона постигна 29 гола и седум асистенции.
И додека Алварез е клучен играч во нападот на Атлетико, Ромеро би требало да биде столб на одбраната. Неговото доаѓање силно го поддржуваат претседателот на клубот Енрике Серезо и извршниот директор Гил Марин. Ромеро е во Тотенхем од август 2022 година, а пристигна од Аталанта во трансфер вреден 52 милиони евра.
Фото: Принтскрин