„Симеоне кога тогаш ќе го превземе нашиот клуб“

Аргентинскиот тренер Диего Симеоне веќе со години со голем успех го тренира Атлетико Мадрид, од кој направи европски гигант.

Симеоне на големо се поврзуваше и со заминување од Висенте Калдерон, а најмногу се зборуваше за превземање на Интер.

Потпретседателот на Интер Хавиер Занети верува дека популарниот Чоло кога-тогаш ќе стане тренер на миланскиот клуб.

„Симеоне рече дека во иднина сака да го тренира Интер. Во овој момент, наш тренер е Роберто Манчини и имаме голем респект кон него. Од таа причина не сакам да зборувам за други тренери“, рече Занети, кој потоа додаде:

„Но, гледајќи долгорочно, сигурен сум дека Симеоне и Интер еден ден ќе се договорат и дека овој одличен тренер ќе го превземе нашиот клуб“.

Диего Симеоне како фудбалер настапуваше за Интер во периодот од 1997 до 1999 година.