Симеоне во јануари носи напаѓач: Четири одлични имиња во комбинација за трансфер во Атлетико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико Мадрид во неделата пред своите гледачи претрпе пораз во големото дерби од Барселона со 1:0.

Тимот на Диего Симеоне оваа година има проблеми во нападот, а самиот факт дека клубот има постигнато 16 погодоци во 15 натпревари сам кажува колку неефикасен е клубот од главниот град од Шпанија.

Очигледно е дека блесоците на Алваро Мората и Диего Коста кратко траат, па затоа Симеоне ќе донесе уште едно признато име во јануари.

Меѓу оние кои се поврзуваат со трансфер на „Ванда Метрополитано“ се Единсон Кавани од ПСЖ, Криштоф Пјонтек од Милан, Андреа Белоти од Торино како и Оливие Жиру од Челси.