Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во саботата немаше многу возбудувања во мечот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, па натпреварот заврши 0-0.
Меѓутоа, во Атлетико се навистина бесни, зашто тренерот Диего Симеоне бара Серхио Рамос да се казни, зашто на помошниот судија во еден момент му кажал дека е – ку*вин син.
Симеоне на главниот судија Гонзалес на полувреме му објаснил што кажал Рамос на неговиот колега и не можел да верува дека Шпанецот не е исклучен поради неговите зборови.
Поради сличен потег Диего Коста претходно беше жестоко казнет, а доколку судијата во својот извештај ги напише навредите на Рамос кон неговиот помошник, стоперот на Реал би можел да добие казна.
Меѓутоа, најверојатно такво нешто нема да се случи, иако Симеоне бараше да се казни таквото однесување на Рамос.