Синдикатот на НБА кошаркарите пред договор за старт на новата сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Здружението на кошаркарите во НБА-лигата е блиску до договор со раководството на најсилнат алига во светот, со што би можела сезоната да почне на 22 декември, а во регуларниот дел треба да се одиграат 72 меча, односно 10 помалку од предвиденото.

Тоа е резултатот на преговорите кои во среда ги водеа претставници на кошаркарите од едната и раководството на НБА-лигата од другата страна.

Според „ЕСПН“, кошаркарите во четврток ќе дадат конечен одговор за предлогот, а се очекува да го прифатат и предлогот за финансиската распределба на парите за следните две години.

Уште нема никакви знаци дека би можеле да се вратат гледачите во салите на НБА-лигата. На продажба за минатата сезона НБА-лигата загуби неверојатни 800 милиони долари, по што натпреварувањето беше прекинато на 11 март поради пандемијата на ковид-19.