Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Јаник Синер, лидер на АТП ранг-листата, го изненади тенискиот свет со одлуката пред Вимблдон да ги отпушти двајцата свои тренери, Улисес Бади и Марко Паники. Тој самиот изјави дека не се случило ништо сензационално и дека само одлучил да направи нешто поинакво, но многумина останаа шокирани од таа одлука. Еден од нив е и Новак Ѓоковиќ.
Многумина го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња, победник на 24 Гренд Слем титули, 40 Мастерси и вкупно 100 АТП турнири, беше побаран на почетокот на Вимблдон да го прокоментира потегот на Синер. Тој го пофали работата на отпуштениот двоец со кој и самиот соработувал и призна дека е изненаден.
“Работев со Марко и Ули, мислам дека се големи професионалци и многу придонесоа за мојот успех. Искрено, не знам зошто Синер го направи тоа. И јас сум изненаден бидејќи мислев дека неговата игра и физичката подготовка значително напреднаа во последната година и пол, а тие беа важен дел од тимот”, изјави Ѓоковиќ.
Фото: Принтскрин