Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Јаник Синер сè уште не може да го преболи поразот во финалето на Ролан Гарос од Карлос Алкараз.
Шпанецот триумфираше иако губеше со 0:2 во сетови, а успеа во четвртиот да спаси три врзани меч топки.
Тренерот на италијанскиот тенисер, Дарен Кејхил, истакнува дека на најдобриот во светот тој пораз му паднал тешко.
– Немаше што да се каже. По сè што даде на теренот, беше правилно да го оставиме сам со своите мисли. Паднаа неколку солзи, не само од негова страна. Беше тешко за сите – изјави Кејхил.
Тој смета дека момчето од Сан Кандидо никогаш нема да го заборави тој дуел.
– Часови подоцна, таа вечер… Сè уште не се помири со тоа. Никогаш всушност и нема. Таков меч останува со вас за време на целата кариера, но може да стане пресвртница.
Фото: Grok AI