Синер разочаран: Не се чувствував добро пред мечот со Медведев


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон од Русинот Данил Медведев со 2-3 во сетови.

Медведев беше подобар со 6-7, 6-4, 7-6, 2-6 и 6-3 со што се пласира во полуфиналето каде што ќе игра против Карлос Алкараз, а Синер во меѓувреме се пожали дека не се чувствувал добро пред дуелот со Русинот.

„Имав одредени проблеми, а потоа на нив се додаде и заморот. Ова не го намалува квалитетот на Данил, кој одигра паметно. Земав медицински тајм-аут затоа што имав сериозни проблеми. Секако дека сум разочаран од третиот сет, но тоа е веќе минато“, кажа Синер.