Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Италијанскиот тенисер Јаник Синер падна на допинг-тест во март годинава, но ќе треба да чека најмалку до февруари за да ја дознае казната.
До 11 февруари е закажан последниот случај на Арбитражниот суд во Лозана, а меѓу нив го нема тој на Синер, па тоа значи дека Италијанецот ќе треба да чека по тој датум за да ја дознае санкцијата.
Светската тениска асоцијација неодамна соопшти дека количината на недозволената супстанца во телото на Синер била минимална и дека нема потреба од казна, но Светската антидопинг агенција веднаш се жалеше до Арбитражниот суд.