Синер заради допинг останува без гренслем титулата на Австралија Опен?!


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Тенискиот свет беше потресен од информацијата дека Јаник Синер бил позитивен на допинг тест. Во април 2024 година тој дознал дека е „фатен на дело“, а потоа се бранел далеку од очите на јавноста, бидејќи целата работа на чуден начин била заташкана и никој освен најблиските соработници на Синер и оние кои ја спроведувале истрагата за тоа не знаеле ништо.

Кога целиот свет дознал за тоа – веќе бил ослободен од обвиненијата. Потоа Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поднела жалба, и тогаш се случил шок-пресврт. Австралиските медиуми сега бараат – да му се одземе гренд слем титулата од Мелбурн на Синер!

„Хералд сан“ вчера, во понеделник 17 февруари 2025 година, преку колумнистата Тод Балим порача уште во насловот „На Синер мора да му се одземе титулата од Австралија Опен“.