Синко што направи, како ли го промаши ова: Фудбалер на Борусија Дортмунд се посрамоти по додавањето од Халанд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд со убедливи 6:0 славеше на првиот подготвителен натпревар против Алтах во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

„Милионерите“ до врв ја наполнија мрежата на противникот, но на натпреварот се случи и едно промашување за аналите.

Имено, младиот играч на Борусија Дортмунд, Имануел Пераи прими одличен пас од несебичниот Ерлинг Халанд и кога требаше да реализира на празен гол не успеа да го стори тоа.

Сите останаа зачудени, а младиот играч имаше за што да жали затоа што не се запиша во листата на стрелците.