Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше против Аталанта со 3-1 во реваншот од Лигата на шампиони и така обезбеди четвртфинале во елитното натпреварување.
На теренот по повредата се врати и Серхио Рамос, поради кој одбраната на тимот изгледаше многу посигурно, а исто така во Бергамо се надеваа дека Аталанта може да направи чудо, но тоа не се случи.
„Кралевите“ одиграа еден од најдобрите натпревари сезонава, а шпанска „Марка“ објави дека фудбалерите биле мотивирани за овој натпревар за да покажат дека местото им е во четвртфинале.
По мечот беше интересно во соблекувалната на „кралевите“, а „Марка“ открива интересен говор на еден од фудбалерите на Реал Мадрид.
„Тие нѐ мразат, но ние уште сме живи“, можеше да се слушне од соблекувалната.