Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Синот на познатиот Карло Анчелоти, Давиде, дебитираше на клупата на бразилскиот Ботафого. Ова е прва самостојна тренерска работа за Анчелоти јуниор.
Да потсетиме, неговиот татко на 26 мај стана селектор на Бразил, потпиша договор на една година, исто колку и Давиде со Ботафого.
Во првиот натпревар под водство на младиот италијански стратег, тимот од Рио де Жанеиро немаше среќа, одигра без голови со Виторија во натпревар во кој неговиот тим имаше апсолутна доминација.
Се работи за 14. коло од бразилската Серија А.
Ниту 20-те удари кон противничкиот гол не беа доволни за Ботафого да го совлада голманот на гостите, иако поседуваше 62% владеење со топката. Исто така, меѓу стативите на Виторија блескаше голманот Лукас Аранхо кој со неколку клучни интервенции го спаси својот тим од пораз.
На крајот, тој запиша дури десет одбрани.
„Во фудбалот мораш да постигнеш гол за да победиш. Денес не беше доволно. Немавме среќа, но мораме да бидеме подобри. Денес сторивме доволно за да победиме, но не може секогаш вака да ни се случи. Тоа е фудбалот. Бевме фрустрирани бидејќи секогаш сакаме да победиме, но продолжуваме понатаму. Утре е нов ден”, рече Анчелоти јуниор по натпреварот.
Фото: Принтскрин