Синот на Бобан ја „запали“ јавноста со еден коментар: Тренерот е виновен за се...

Синот на Звонимир Бобан, Рафаел преку социјалната мрежа Инстаграм испрати еден коментар кој веднаш се прошири низ цела Италија.

Имено, според Рафаел, главен виновник за состојбата во клубот е тренерот затоа што Милан располагал со квалитетни играчи.

„Дали проблемот е тренерот или играчите? Имаме одлични и квалитетни играчи, мислам дека проблем е тренерот“ –напиша кратко Рафаел.

Неговиот татко Звонимир ќе се соочи со тешка одлука да му врачи отказ на Марко Џампаоло кој го има најлошиот старт во последните 80 години на МИлан.