Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Брони Џејмс, синот на легендарниот Леброн Џејмс, ќе биде дел од НБА-драфтот оваа година, а тоа го потврди младиот кошаркар.
Младиот кошаркар првата сезона ја помина на колеџ, каде што играше за Универзитетот во Јужна Калифорнија и во просек постигнуваше по 4,8 поени, 2,8 скокови и 2,1 асистенции.
„Имав година со подеми и падови, но тоа ми помогна да станам посилен. Донесов одлука да се пријавам на НБА-драфтот, а во исто време да ги задржам правата како студент спортист“, кажа Брони.
Неговиот татко Леброн игра за Лос Анџелес Лејкерс и е еден од најдобрите кошаркари во моментов во светот.