Синот на Марадона откри зошто легендарниот фудбалер е во болница!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најновите информации за состојбата на легендарниот Диего Армандо Марадона ги откри неговиот син Диего Марадон Јуниор, кој објасни зошто неговиот татко завршил во болница.

Марадона беше примен во болница во Ла Плата, но досега не се откриваа неговите здравствени проблеми.

„Мојот татко е хоспитализиран зашто минува низ емотивни проблеми. Не постои физички болест поради која е во болница. Направи многу грешки во животот и многумина му ги простија, но тој и понатаму не се чувствува добро. Се соочува со тоа што се случи во минатото. Работите се поправаат, но тоа се случува полека. Мојот татко е во болница, зашто падна пред историјата“, открива синот на Марадона.