Синот на Рејес потпиша за Реал: Среќен сум што дојдов во Мадрид!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Хозе Антонио Рејес Лопез, синот на легендарниот Шпанец Рејес, кој неодамна почина во автомобилска несреќа, денеска потпиша за Реал Мадрид, а претседателот на шпанскиот гигант вети дека ќе се грижи за 11-годишното момче додека не стане полнолетно.

Младиот фудбалер ќе добие шанса да се докаже во Реал Мадрид, па следната сезона ќе ја помине во младинскиот состав на „кралевите“.

Ова е навистина прекрасен гест на „кралевите“, кои уште еднаш ја покажаа својата големина.

„Среќен сум и горд сум поради новиот почеток. Сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат, посебно на моето семејство. Хала Мадрид“, порача Хозе Антонио Рејес.