Синот на Рејес скршен од болка: Знам дека ќе се грижиш за мене од небото!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанската и светската спортска јавност вчера ја потресе веста за смртта на 35-годишниот Хозе Антонио Рејес.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Арсенал, Севилја и Атлетико почина во сообраќајна несреќа, а неговиот најстар син Хозе Антонио Рејес Лопез, член на младинскиот тим на Леганес објави порака на Инстаграм.

„Ова е последен момент, кој го поминавме заедно, тато. Тој ден ми даде совет, како и секогаш, но денеска не се врати и тоа беше тешко за мене. Секогаш ќе бидам горд на тебе, тато. Не поминувавме многу време заедно, но само јас и ти знаевме колку се сакаме. Знам дека ќе се грижиш замене од небото и никогаш нема да те заборавам. Те сакам, тато. Им благодарам на сите за поддршката“, напиша синот на Рејес.