Сириец потпиша за Гостивар во последен час


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Гостивар на самиот крај од зимскиот трансфер период успеа да го ангажира искусниот сириски фудбалер Аиас Аосман за својот тим.

Тридесетгодишниот играч од средината на теренот ќе помогне во подобрување на позицијата на тимот во македонското првенство.

Во текот на својата кариера, тој играше за клубови како што се Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор и Генчлербирлиги.