Сите го критикуваа Меси дека се „шета“ по терен, па сега пристигна одговор! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси беше стрелец на гол од пенал во победата на Барселона против Динамо Киев од 2-1 во средата во Лигата на шампиони, но јавноста го критикуваше поради неговиот однос.

Барселона водеше со 2-1, па кога победата уште не беше обезбедена Меси се „шеташе“ по теренот при една акција на украинскиот тим.

Меси делуваше незаинтересирано за игра, па им дозволи на противниците лесно да го минат без да се потрудат воопшто.

Меѓутоа, сега пристигна едно видео од навивачите на Барселона, кои го бранат Аргентинецот и се обидоа да објаснат дека тој момент не го покажува вистинското расположение на Меси.

На следното видео во продолжение може да се забележи како Меси по акцијата на гостите тргна да го запре контра-нападот.