Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Челси Енцо Мареска изјави по освојувањето на Конференциската лига дека се надева дека ова ќе биде почетна точка за нови успеси на клубот.
Фудбалерите на Челси ја освоија Конференциската лига во средата, откако во финалето го победија Бетис со резултат 4:1.
– Многу сум среќен. Клубот вложи многу пари во последните две-три години, така што и тие чекаат резултати. Сега ќе уживаме малку десетина дена, а потоа ни претстојат нови предизвици. Следната сезона ќе се потрудиме да бидеме уште подобри, на добар пат сме да направиме нешто значајно – изјави Мареска, пренесе Би-Би-Си.
Тој нагласи дека Челси се мачеше во првото полувреме, но дека во второто одигра многу подобро.
– Бев малку фрустриран во првото полувреме зошто мислам дека пристапивме на натпреварот на погрешен начин – изјави тренерот на Челси.
Мареска нагласи дека е горд на својот тим и додаде дека Челси имаше помалку време од Бетис за да се подготви за натпреварот.
Фото: Grok AI