Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи има откупна клаузула од 80 милиони евра, а веќе неколку тимови сакаат да ја искористат.
Халанд смета дека е време за исчекор во својата кариера, па се очекува да биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок.
Неколку недели по ред Халанд се поврзува со трансфер во Барселона, која и покрај финансиските проблеми го сака Норвежанецот, но мала е шансата да се реализира таков трансфер.
Шпанските медиуми пишуваат дека голем интерес за Халанд покажал и Реал Мадрид, кој го сака и Килијан Мбапе, но конкуренција ќе им биде и Манчестер сити, кој има пари да ги задоволи апетитите на фудбалерот и неговите агенти.