„Сите играчи во соблекувалната се со Џака, тој е вистински лидер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гранит Џака во неделата го навлече гневот на навивачите на Арсенал откако бурно реагираше на измената и свирежите од трибините, па со пцовки ги „поздрави“ своите фанови.

Притоа, Џака го фрли и дресот на Арсенал, па се постави прашањето дали играчот заслужува да го носи истиот во останатиот дел од сезоната. Речиси сигурно тој ќе јазагуби капитенската лента, но голманот на „топчиите“, Емилијано Мартинез вели дека сите во тимот му даваат поддршка на соиграчот.

„Тој е вистински лидер и поради тоа ја има нашата поддршка. Тој е разочаранзатоа што е добро момче. Го сака овој клуб, менаџерот ќе одлучи дали ќе остане капитен, но во овој момент сите сме со него. Сите знаеме колку го сака овојклуб, беше емотивен, реагираше на брзина“ –истакна Мартинез.