Сите ќе мора да почекаат: Одложен и НБА-драфтот!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека НБА-драфтот ќе биде одржан на 25 септември, три месеци по првиот планиран термин.

Поради пандемијата на Ковид-19 беше суспендирано натпреварувањето во најсилната лига во светот, по што управата на НБА реши да го одложи и драфтот.

Според медиумите, драфтот ќе се одржи на 25 септември во Бруклин, точно три месеци по првиот планиран термин, односно 25 јуни.

Да потсетиме, еден ден претходно беше објавена информација дека НБА-лигата најверојатно ќе продолжи на 31 јули.