Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ансу Фати конечно заигра во дресот на Барселона и постигна гол во победата против Елче (4-0), но сите забележаа во директниот пренос дека односите меѓу него и тренерот Чави Ернандез не се најдобри.
Чави експериментираше во дуелот против Елче, па реши да им даде шанса и на фудбалерите кои немаа голема минутажа оваа сезона, а еден од нив беше Фати.
Младиот напаѓач на Барселона со денови е во центар на внимание поради изјавата на неговиот татко дека Чави намерно не му дава шанси на Фати.
Иако Фати играше од првата минута, сепак односите не се најдобри меѓу него и Чави, а тоа се забележа по измената кога тренерот не се поздрави со својот фудбалер.