Сите може да заминат од Реал Мадрид, освен еден фудбалер: Не постои сума за која би го пуштиле!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид е исполнет со големи ѕвезди, а во сенка е еден човек кој од сезона во сезона игра сè подобро. Неговото име е Федерико Валверде, клубот го почитува исклучително, па така апсолутно сите може да заминат од Мадрид, само тој не.

Реал Мадрид во својот состав има навистина големи ѕвезди. Тука се Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе, Лука Модриќ, а во сенка на сите е човекот кого навивачите на „Кралевите“ го сметаат за најдобар играч оваа сезона.

Тоа е Уругваецот Валверде. 26-годишникот фудбалер игра навистина врвен фудбал. Шпанските медиуми, кои се исклучително блиски до Реал, тврдат дека тој е целосно незаменлив во екипата и дека не постои сума за која би го пуштиле „Кралевите“ од клубот.

„Клубот го смета Валверде за незаменлив. Постои огромен интерес од големи клубови во Европа за него, но не постои сума за која би го пуштиле“, наведува „АС“.