Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков имаше пофални зборови за фудбалскиот талент на Џуд Белингам, но смета дека не ја заслужил наградата која ја добил неодамна.
Стоичков играше за Барселона од 1990 до 1997 година и ја освои „Златната топка“ во 1994 година, а во интервју за „Тутоспорт“ вели дека Белингам не ја заслужил наградата „Златно момче“ за 2023 година.
„Не можам да го оспорам неговиот квалитет, тој е еден од најталентираните фудбалери во светот. Иднината е негова, но ќе се бори со Мбапе и Халанд за ‘Златната топка’. Сепак, мислам дека не требаше да ја добие наградата за ‘Златно момче’. Признанието требаше да му припадне на Мусиала или на Балде“, вели Стоичков.