Сите почнаа да се шегуваат со телефонот на Дончиќ: Немаш ли пари за подобар? 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу луѓето сега е актуелно да ги имаат најновите производи од технологијата, а животот не може повеќе да се замисли без некој паметен мобилен телефон, но тој што го користи Лука Дончиќ ги изненади сите.

Еден од најталентираните кошаркари во НБА-лигата заработува многу милиони долари по сезона, но кошаркарот на Далас остана скромен и користи стар мобилен телефон.

Овој викенд се појави на собирот на словенечката репрезентација со која ќе игра квалификации за Олимписките игри, а неговиот соиграч Лука Рупник го забележа телефонот од брендот „Нокиа“ и го објави на социјалните мрежи.

Не е познато зошто Дончиќ го користи овој тип на мобилен телефон, иако веднаш почнаа коментарите дека сигурно има и некој скап мобилен, со кој објавува фотографии на социјалните мрежи.

Дел од навивачите се пошегуваа со кошаркарот на Далас и му порачаа да потпише договор кој ќе му донесе повеќе пари зашто во моментов нема доволно да си купи нов телефон.