Сите погледи беа вперени на едно место: Дрогба на церемонијата во Париз дојде со згодната девојка (Фото)

Поранешниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба беше дел од церемонијата за доделување на „Златната топка“.

Дрогба на церемонијата стигна во друштво на неговата девојка Габриеле Ламар, а погледите на присутните дефинитивно ги украде поубавата половина.

Легендата на Челси и неговата девојка ја потврдија љубовната врска пред неколку месеци, откако Дрогба се раздели од сопругата Лале во јануари 2021 година по 10 години поминати во брак.