Сите се зачудени во Реал Мадрид: Тотенхем активираше клаузула за Бејл од 2013 година


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл се врати во Реал Мадрид откако му заврши позајмицата во Тотенхем.

Бејл минатата сезона беше на позајмица во Лондон и остави добар впечаток, но Тотенхем не реши да го купи неговиот договор.

Се очекуваше дека Реал ќе го продаде Бејл ова лето, но очигледно тоа нема да се случи откако клубот го презема Карло Анчелоти.

Италијанецот сака да му даде уште еднаш шанса на Бејл, кој има договор со Реал на уште една година и не е исклучена можноста следното лето да замине бесплатно.

Но, иако неговата позајмица е завршена, Реал Мадрид уште не ги исполнил обврските кон тимот од Лондон.

Кога пред осум години го купиле Бејл, тогаш Реал се согласил да одигра пријателски меч против Тотенхем, па сега екипата од Лондон реши да ја искористи клаузулата и да си закаже меч против „кралскиот клуб“.

Тоа ги изненади главните луѓе на Реал, кои прво не знаеле за што станува збор, но потоа откриле дека тоа е клаузула од 2013 година.