„Сите селектори кај нас играа плашливо, но Милевски е прв кој покажа храброст да нападне“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Дарко Панчев во интервју за сајтот на Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) зборуваше за почетоците на македонската фудбалска репрезентација, а зборуваше и за други теми.

Панчев ја анализираше и актуелната селекција и зборуваше за селекторот Благоја Милевски.

„Сите селектори кај нас играа малку плашливо, Боби можеби е прв селектор кој пробува да нападне. Има хрбарбост да одигра офанзивно и тоа многу ми се допаѓа, затоа и неколку пати го пофалив. Самите резултати ги зголемуваат апетите кај публиката. И добро е што публиката бара повеќе, тоа треба да носи позитивен притисок кај играчите. Нашиот пласман на Европско првенство, носи поголеми барања кај навивачите. Тука е успехот на Боби, баражот за Мундијал каде што ја елиминиравме Италија и пруживме одличен отпор на Португалија“, изјави Панчев.