Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот експерт Луис Енрике ги изненади сите со објавата дека денеска починала неговата деветгодишна ќерка Хана.
Енрике пред неколку месеци на изненадување на сите даде отказ од селекторското место на репрезентацијата на Шпанија и никој не знаеше зошто го направил тоа.
Тој призна дека има приватни проблеми и дека не е во состојба да се занимава со тренерска работа. Синоќа сите работи станаа јасни кога Енрике преку Твитер објави дека починала неговата ќерка.
Хана пет месеци тешко боледуваше и водеше битка со рак. Но, за голема жал не успеа да излезе како победничка од таа битка.
„Мое сочуство до Луис Енрике и неговото семејство во овие тешки моменти. Со вас сме шефе, сакаме да бидете силни“, порача Меси.