Сите во Манчестер се заменливи, само Марсијал е вечен?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до летниот преоден рок и не сака да замине во јануари.

„Скај Спортс“ објави дека Марсијал ги одбил понудите на Марсеј, Фенербахче и клубовите од Саудиска Арабија.

Управата на клубот разговарала со Марсијал и неговиот менаџер, но 28-годишниот фудбалер сакал да се бори за место кај тренерот Ерик Тен Хаг.

Интересно е тоа што Марсијал е член на „црвените ѓаволи“ уште од 2015 година.