Сити блиску до ангажман на фудбалер на Јувентус


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Португалскиот „Рекорд“ пренесува дека Манчестер Сити е многу блиску до ангажман на фудбалерот на Јувентус, Жоао Кансело.

Пеп Гвардиола е во потрага по стабилен играч кој игра на бековските позиции, а изборот паднал на фудбалерот на Јувентус.

24 годишниот португалски интернационалец би ги чинел „граѓаните“ сума од околу 55 милиони фунти. Гвардиола планира да го користи Кансело на левата бековска позиција каде Манчестер Сити беше најтенок оваа сезона.