Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Гилберто Рафаел Мора Замбрано, односно скратено само Мора, младиот мексикански фудбалер, веќе многумина ги привлече во Европа, и тоа оние најголемите.
Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите кои го сакаат овој момче кое игра за Тихуана, а има, верувале или не, само 16 години.
Средината на октомври ќе наполни 17, а интересно е дека дебитираше со само 15 години и 10 месеци кога стана најмладиот досега во својот клуб.
Стана најмлад стрелец во мексиканското првенство, а оваа сезона веќе запиша три гола и асистенција во осум натпревари.
Го одликуваат интелигенција и дриблинг, го нарекуваат новиот волшебник и веруваме дека наскоро некој ќе ја разбие касичката за овој фудбалер…
Она што е проблем за неговиот клуб е отштетната клаузула, која сигурно ќе биде активирана за 6.2 милиони евра…