Сити мерка напаѓач од Бундеслигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пренесува дека од Манчестер Сити се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

22 годишниот фудбалер го привлече вниманието кон себе со настапите за Леверкузен минатата сезона,  а и оваа година е сосема солиден.

Интернационалецот од Јамајка би пристигнал на „Итихад“ како замена за Лерој Сане кој веројатно ќе се пресели во Баерн Минхен.

За Леон Бејли пред една година имаше интерес и од Челси, но тогаш самиот играч одби да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.