Сити на пролет го чекаат седум пеколни натпревари (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По ждрепката во Нион за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), Манчестер сити дозна дека ќе игра против Реал Мадрид, а првиот дуел е на 26 февруари во Шпанија.

Само четири дена пред мечот со Реал Мадрид, Сити во Премиерлигата гостува кај Лестер, а три дена по првиот меч во ЛШ, ќе го пречекаат Арсенал, па на „Олд Трафорд“ играат градско дерби против Јунајтед.

Една недела потоа ќе имаат полесен противник затоа што го пречекуваат Барнли, а следи реванш со Реал, па потоа дерби против Челси во Лондон.

По натпреварите следи репрезентативната пауза, а потоа се игра меч меѓу Манчестер сити и Ливерпул.