Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Граѓаните“ би сакале што е можно побрзо да ја завршат работата.
Не е тајна, Пеп Гвардиола е заинтересиран за играчот за врска на мадридски Атлетико, Родри Ернандез.
Шпанскиот стратег и скаут службата на Сити веќе долго бараат соодветна замена за Фернандињо. Изминатото лето го сакаа Жоржињо, но тој го одбра Челси, па во текот на тековната сезона внимателно го следеа пазарот и бараа соодветно решение.
Изгледа дека го пронајдоа Родри, висок играч за врска кој изминатото лето стигна во Мадрид од Виљареал за 20 милиони евра им се допадна на Гвардиола и Сити и тргнаа по неговиот потпис.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека од „Итхад“ е испратена и официјална понуда, како и дека во овој момент Родри е поблиску до Сити отколку до мадридски Атлетико.
Шпанецот, кој во својата земја го гледаат како наследник на Серџи во националниот тим, има откупна клаузула од 70 милиони евра, не е познато дали Сити толку понудил, но ако било која страна ја активира клаузулата, јасно, Атлетико веќе не би се прашувал.
Како и да е, Симеоне како што стојат работите ќе мораат да побарат нов играч за врска, Сити конечно ќе ангажираат замена за Фернандињо, се чини дека направија добар избор.