Сити нема намера да запре: Гвардиола руши светски рекорд за Англичанец!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола има намера летово да направи неколку промени во екипата, со цел да го засили својот тим во борбата за трофејот во Лигата на шампиони.

Гвардиола сезонава со „граѓаните“ ги освои сите титули во Англија (Премиерлигата, лига Купот и ФА-купот), а пред почетокот на новата сезона имаат намера да го освежат составот и тоа со фудбалеро од Лестер сити, а станува збор за Хари Мегваер.

Англиските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ се ептен загреани за дефанзивецот, но „лисиците“ за неговиот потпис ќе бараат 90 милиони фунти.

Тоа значи дека „граѓаните“ мора да го урнат светскиот рекорд  за дефанзивци, доколку го сакаат репрезентативецот на Англјиа.

Без разлика на заминувањето на Винсент Компани, Сити има четири добри централни дефанзивци, односно Стоунс, Лапорт, Отаменди и Мангала, но Гвардиола сака дополнително да го засили тимот.