„Скај“: Договорот за Сари во ќорсокак, Јувентус мора…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Преминот на Маурисио Сари од Челси во Јувентус во моментов е запрен затоа што од Челси бараат италијанскиот клуб да плати обесштетување за нивниот стратег.

Како што пишвуа „Скај Италија“ од Челси бараат да им се исплатат 5.3 милиони фунти  доколку Јувентус сака да го добие потписот на искусниот 60 годишен стратег.

Вчера Сари призна дека е доста носталгичен и дека сака да се врати во Италија, но во моментов Челси му стои на патот.

Се очекува во следниот период преговорите да продолжат, па Сари и официјално да се пресели во Торино.